Македонската џудо репрезентативка Реино „бронзена“ на Балтик Куп во Полска

Џенифер Реино со бронзениот медал на Балтик Куп во Гдиниа, Полска/Фото: facebook.com/miokijudoclub

На престижниот Балтик Куп во Гдиниа – Полска, репрезентативката на Македонија Џенифер Реино го освои бронзениот медал кај јуниорките во категорија -57 кг.

Во полуфиналето Реино загуби од полската натпреварувачка Марцелина Вроцлавек со резултат 10:0.

На истиот куп во текот на денешниот ден ќе настапи во кадетска конкуренција што воедно ќе биде нејзин последен контролен натпревар пред Европското Првенство.

Претходно Реино како дел од подготовките за учество на ЕП за кадети, учествуваше на тренинг кампот Будо-Норд во Шведска каде учество зедоа околу 700 џудисти од Шведска, Данска, Полска, Германија, Франција и Велика Британија.

Минатиот месец „Миоки Џудо“ клубот успеа да се закити со четири златни и еден бронзен медал на меѓународниот турнир „Скопје Опен 2022“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот