Македонска реалност – Децата на возраст помеѓу 13 и 17 години, најчести жртви на трговија со луѓе (ВИДЕО)

Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

Кај возрасните е поразлично. Луѓето стануваат жртви преку лажни ветувања за работа кои можат да бидат проследени со ветувања за обезбедување на патна исправа, документација или виза, транспорт, удобно сместување и нудење финансиски заем за почеток кој потоа лицето треба да го врати од првата плата. 

Децата се најголеми жртви на трговија со луѓе, но се почесто и мажите, за кои порано се веруваше дека се безбедни, се вплеткуваат во мрежата на трговијата со луѓе. Трговијата со луѓе во јавноста се уште се поврзува само со бело робје и сексуални работници, но во суштина жртви на трговија со луѓе се сите кои паднале на мамка за работа во странство и тоа во градежниот и земјоделскиот сектор, но, исто така, и во приватните домаќинства препознаени како сектори со слаби колективни права.

Стојна Атанасовска Димишковска од Невладината организација „Отворена порта Македонија“ за Слободен печат вели дека возрасната граница на жртвите е драстично намалена и повеќето од жртвите се на возраст меѓу 13 и 17 години.

– За жал, Македонија се смета и за земја на потекло на трговија со луѓе. Исто така, постојат случаи на таканаречена „внатрешна“ трговија со луѓе, каде што граѓани, претежно деца, од Македонија се тргувани внатре во земјата. Возрасната граница на жртвите е драстично намалена и повеќето од жртвите се на возраст меѓу 13 и 17 години, вели Димишковска.

Децата спаѓаат во најранливата категорија на трговија со луѓе врз коишто силно влијание имаат семејното насилство, сексуалното искористување, родителската запоставеност, социјалната исклученост и воедно придонесуваат за создавање на искривена слика за реалните вредности и уживање на човековите права, вели Димишковска.

Кај возрасните е поразлично. Луѓето стануваат жртви преку лажни ветувања за работа кои можат да бидат проследени со ветувања за обезбедување на патна исправа, документација или виза, транспорт, удобно сместување и нудење финансиски заем за почеток кој потоа лицето треба да го врати од првата плата.

Во тек е кампања „Не се залетувај“ при барање работа која има цел да ги информира граѓаните, посебно оние кои што се во потрага по работа, за можните ризици  и измамнички понуди за работа.

-Недостатокот на информации и можности ги принудува луѓето да прифаќаат сомнителни понуди за работа и како резултат да станат жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Младите, најчесто од неразвиените региони на земјата одлучуваат да бараат работа во странство, несвесни за можните ризици и со тоа да станат жртви на измама (во однос на условите за работа и плата), но исто така и ограничувања на слободата, одземање на пасошот и можноста да бидат подложени на суров третман и експлоатација, вели Димишковска.

Многу често жртвите на трговија со луѓе, никогаш не успеваат да се реинтегрираат во општеството, како резултат на психолошките последици кои врз нив оставило лошото искуство, а немањето финансиски средства им оневозможува да посетуваат психолог. Децата скоро секогаш губат по неколку училишни години додека чекаат да бидат спасени, а потоа тешко се враќаат во образовниот систем, немањето здравствена заштита им оневозможува да ги излечат здравствените проблеми предизвикани од сексуалното искористување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот