Македонија во нападот со Тричковски и Стојановски против Ерменија!

Фото: ffm.mk

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски ги одреди првите 11 кои ќе стартуваат вечерва од 18.00 часот во решавачкиот натпревар за првото место во групата кое води во Лигата „Б“.

Противник во Никозија (Кипар) е селекцијата на Ерменија, а до врвот можеме и со реми, но нашиот стратег посакува ова издание да биде завршено со уште еден триумф.

На голманската позиција е Шишковски, во одбраната Велковски, Муслиу и Зајков, потоа во средниот ред се Ристовски, Тотре, Костадинов и Бејтулаи, а во нападот Тричковски и Стојановски, веднаш зад нив е Трајковски.

Шанса од клупата ќе чекаат Богатинов, Мицевски, Трајчевски, Дориев, Китановски и Несторовски.

Стартниот состав на Ерменија: Јурченко, Хамбарѕумјан, Харојан, Восканјан, Ховханисјан, Григорјан, Удо, Барсегјан, Корјан, Хакобјан, Карапетјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот