Македонија со втор најголем раст во Европа во авиосообраќајот

Двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележат 33 отсто пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година.

Ланскиот број на патници го надмина и рекордот од 2019, кога низ двата аеродроми беа опслужени 2,7 милиони. Минатата година биле регистирани 24 илјади летови до 46 дестинација на Скопскиот, четири на Охридскиот и дополнителни сезонски авиолинии во летна сезона, односно вкупно 3,15 милиони патници.

Според статистиката за 2023 година најмногу се патувало кон Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 10,9 % пазарен удел), Базел Милуз (6,4 %), Цирих (5,4 %), Франкфурт (4,7 %), Дортмунд (4,5 %), Виена (4,4 %), Минхен Меминген (4,3 %), Анталија (3,2 %), Хамбург и Келн (по 2,7 %).

Топ 5 земји со директни летови за 2023 година пак биле Германија (28,3 % пазарен удел); Турција (16,1 %); Швајцарија (13,4 %); Шведска (6,5 %); и Италија (6,4 %).

Кон крајот на 2022 година Владата објави повик за субвенционирани авиолетови за периодот од 2023 до 2025 година. Условите и критеримуните од повикот ги исполнија Германската авиокоманија „Луфтханза“ која воведе нова авиолинија од Скопје до Франкфурт, и „Виз ер“ која воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцубург и до Љубљана. Финансиската поддршка која Владата им ја исплаќа на овие авиокомпании изнесува седум евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра од аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Министерството за транспорт и врски во својот буџет за 2023 предвиде 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

Министерството за транспорт и врски врз основа на анализи ќе процени кога има потреба да се распише друг јавен повик за субвенционирани летови, истакнувајќи дека има интерес за влез на нови авиокомпании на нашиот пазар. Без прецизност за висината на финансиската поддршка за евентуалниот нов повик, велат дека критериумите би останале како тие од претходниот повик (2023-2025година) кои, како што потенцираат, биле усогласени со правилата на Европската унија.

Македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа со 64,9 отсто зголемување на бројот на патници во 2023 година во однос на 2022 година. Забележани се над 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот