Македонија со Лазаров во составот против Финска

epa09068610 Kiril Lazarov (L) of North Macedonia in action against Henrik Jensen Mollgaard (R) of Denmark during the Men's EHF EURO 2022 qualification handball match between North Macedonia and Denmark in Skopje, Republic of North Macedonia, 11 March 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија денеска (17 часот) во Рихимаки против Финска го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2022 година. Ракометарите веќе го обезбедија пласманот на Европското првенство, но во екот на квалификациите на селекторското столче седна капитенот Кирил Лазаров.

Лазаров на новата функција дебитираше на најдобар можен начин, со победа над актуелниот светски шампион Данска со што беше заверен пласманот на ЕП.
Во последните два натпревари од квалификациите против Финска и Швајцарија, Лазаров ќе ги искористи за главната цел, да се направи една респектабилна македонска репрезентација која во наредните 10-тина години треба да биде редовен учесник на големите натпреварувања како што тоа беше случај и досега.

– Имаме голема љубов, желба и ентузијазам да работиме и да создадеме нешто ново, некој нов „производ“. Ќе ги сфатиме максимално сериозно натпреварите против Финска и Швајцарија. Имаме конкретна, јасна слика за Финците, во каков состав и со што би можеле да изненадат. Помалку или повеќе сме подготвени за тој меч, затоа што фативме рутина на функционирање на овој систем. Ние сме ракометна нација, клупско и национално, и така и ќе се поставиме. Секој треба да си преземе одговорност, јас како селектор, играчите индивидуално и не треба во ниту еден момент да се посомневаме дека Финска треба да ни направи проблем, треба почит спрема нив и нивниот ракомет, и своите вложувања, но ние одиме на победа – вели Лазаров.

Лазаров одлучи на денешниот натпревар тој и неговиот помошник Филип Миркуловски, да бидат дел од ракометарите кои ќе настапат на денешниот натпревар,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот