Фото: Национална спортска федерација на глуви на Република Северна Македонија

Македонија со двајца спортисти на Летните олимписки игри за глуви и наглуви лица во Токио

На 25 Летни олимписки игри за глуви и наглуви лица кои се одржуваат во Токио, Јапонија, Македонија ја претставуваат двајца спортисти:

Боите на нашата земја ги бранат Андреј Стојаноски во пливањето и Даниел Михајловиќ во стрелаштвото.

Михајовиќ го заврши својот настап во понеделникот (17 ноември) во дисциплината на 10 метри воздушен пиштол со освоено 16 место.

На 20 ноември започнуваат натпреварите во пливање, а Стојаноски ја има својата прва трка на 21 ноември.

Повеќе од 3.000 спортисти од 81 земја се собраа во Метрополитен Гимназиум во Токио, ќе се натпреваруваат во 209 дисциплини во 21 спорт, со што овогодинешните Олимписки игри за глуви се најголемите во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот