Фото: mttf_macedonia

Македонија со два златни медали на Европскиот куп во традиционално Таеквон-до

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација изминатиот викенд од 14-16 ноември учествуваше на Европскиот Куп во традиционално Таеквон-до ИТФ „Бугарија Опен 2025” во Пловдив.

На Европскиот куп учествуваа 788 натпреварувачи од 13 земји во Европа.

Боите на М.Т.Т.Ф под водство на Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, оваа година ги бранеа девет натпреварувачи од клубовите на М.Т.Т.Ф, кои и покрај силната конкуренција, постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни, еден сребрен и еден бронзен медал.

Теодора Митреска освои златен медал во форми, а со златен медал во форми се закити и Мики Грнчески.

Божидар Димитриевиќ дојде до бронзениот медал во спаринг/борби -92 кг., како и до среброто во спаринг/борби +92 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот