Maкедонија/РФМ

Maкедонија ремизираше во последниот натпревар и без пораз во Швајцарија патува на ЕП

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29-29 против Швајцарија и на тој начин без пораз го заокружи настапот на подготвителниот турнир пред Европското првенство. Поради послабата гол-разлика, нашата селекција го освои второто место на турнирот.

Швајцарците во поголемиот дел од натпреварот ја имаа иницијативата и ја контролираа играта, не дозволувајќи Македонија целосно да се врати во резултатска рамнотежа. На полувреме имаа солидна предност од 18-13, а секој обид на нашите ракометари да се приближат на два или три гола беше навремено неутрализиран. Сепак, сликата на теренот се промени во завршните десет минути.

По една интервенција на Томовски, Џонов реализираше за израмнување 26-26. Македонија доби можност и за водство, но Серафимов не успеа да ја искористи шансата, но набрзо Ненад Костески се погрижи за предност од 27-26 за Македонија.

Во драматичната завршница двете репрезентации имаа свои моменти за победа, а конечниот резултат го постави Марко Митев, кој погоди за 29-29 на само 15 секунди пред крајот на натпреварот.

Македонија турнирот го завршува со две победи, против Украина и Бахреин, и едно реми, оставајќи позитивен впечаток пред најголемиот предизвик.

За избраниците на Кирил Лазаров, ова беше последна проверка пред почетокот на Европското првенство, кое Македонија го отвора на 16 јануари со натпревар против домаќинот Данска, а во групата уште се Романија и Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот