Фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонија против Норвешка, Романија и Швајцарија на Европското првенство

Денеска со ждрепка во полскиот град Катовице најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците на Европското првенство што ќе се одржи од 3 до 20 декември 2026 година во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Нашата селекција ќе игра во групата Б заедно со актуелниот европски и светски шампион Норвешка, Романија, како еден од домаќините на ЕП, и селекцијата на Швајцарија.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски своите мечеви ќе ги играат во романскиот град Клуж-Напока.

Првопласираните две репрезентации од секоја група од прелиминарната фаза ќе се квалификуваат за главната рунда, која ќе се игра во Клуж-Напока (репрезентации од групите А, Б и Ц) и во Катовице (репрезентации од групите Д, Е и Ф).

Европско првенство 2026

Група А (Орадеа, Романија)

Унгарија
Црна Гора
Словенија
Исланд

Група Б (Клуж-Напока, Романија)

Норвешка
Романија
Швајцарија
Македонија

Група Ц (Анталија, Турција)

Данска
Шпанија
Турција
Грција

Група Д (Брно, Чешка)

Холандија
Чешка
Австрија
Хрватска

Група Е (Катовице, Полска)

Франција
Полска
Фарски Острови
Украина

Група Ф (Братислава, Словачка)

Шведска
Германија
Словачка
Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот