Македонија ЃП го промовираше Ален Јашароски - Слободен печат
СпортФудбал

Македонија ЃП го промовираше Ален Јашароски

Македонија ЃП продолжува со летните засилувања во тековниот преоден рок, денеска промовиран е Ален Јашароски кој претходно играше за косовската Приштина.

Ѓорчепетровци го промовираа повратникот во црвено-жолтиот дрес, старо-новиот „лав“ Ален Јашароски (27).

– Убаво е да се вратиш кај своите. Среќен сум што сум повторно на овој терен и во овој дрес! Верувам дека можам да помогнам и знам дека ќе дадеме максимум во претстојните походи кон нови успеси – се зборовите на Јашароски.

За многу краток период веднаш се аклиматизираше и тоа со голови уште во пријателски натпревари како подготовка за новата сезона.

На последниот тест дуел Македонија ЃП славеше со 1:0 против азербејџанскиот клуб на Сабаил, а стрелец беше токму Јашароски. Претходно како нови играчи беа претставени уште Лука Трајкоски и Ермедин Адем.

Популарните „лавови“ од Ѓорче Петров се спремаат за дуелите од првото квалификациско коло во Лига Европа. Противник им е ерменскиот Алашкерт, првиот меч ќе се игра на 11 јули на теренот на противникот, а седум дена подоцна е реваншот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close