Македонија без Велко Маркоски на Европското првенство! (ВИДЕО)

twitter.com/Hballtransfers

Нашата најдобра машка ракометна репрезентација ќе биде ослабена во одбраната за дуелите на континенталниот собир кој за нас почнува на 10. јануари.

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), по направените дополнителни медициски прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отсуствува 14 дена.

Еден од нашите најдобри играчи во одбранбениот дел на пријателскиот натпревар против Словенија доби повреда на левото око, по ударот со топка од страна на противничкиот ракометар Бомбач.

Велко Маркоски в недела навечер ќе се врати во нашата земја каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација.

Ова значи дека нашата најдобра селекција ќе биде ослабена во дефанзивата на претстојното Европско првенство кое за нас почнува на 10. јануари.

Потсетување во прелиминарната групна фаза во Виена ќе играме против домаќинот Австрија, Чешка и Украина.

До првиот меч против Украинците на 10. јануари, „црвено-жолтите“ предводени од селекторот Данило Брестовац ќе имаат уште еден последен тест пред заминувањето за австрискиот главен град против репрезентацијата на Црна Гора в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот