Maкедонија без Сара Ристовска против Литванија

Фото: РФМ

Maкедонската женска ракометна репрезентација која вчера го обезбеди пласманот на Европското првенство во следниот натпревар кој ќе го играме во Скопје против Литванија ќе биде без услугите на нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска.

Македонија славеше убедлива победа со 37:22, па така откако Шпанија ја победи Литванија пласманот на нашите девојки на ЕП беше потврден.

Така натпреварот против Литванија од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде без резултатско значење, влезот за овој натпревар ќе биде слободен.

На натпреварот ќе бидеме без Сара Ристовска која е ослободена и замина за Москва каде што ја чека важен натпревар со ЦСКА во Купот на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот