Македонците во Серија А наскоро на фудбалските терени
Можно е на 13 јуни да се врати италијанскиот фудбал со реванш полуфиналните натпревари во националниот Куп.
Серија А доби дозвола мечевите од ова натпреварување да продолжат на 20 јуни. Ова на видеоконференција денеска го порача министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафора.
Препорачано
Спадафора побара од премиерот на таа земја Џузепе Конте првите натпревари да се одиграат веќе на 13 јуни. Проблем е што Италија ги забрани сите професионални спортски натпревари пред 14 јуни. Пред претставниците на Серија А, Асоцијацијата на играчите, Фудбалската федерација на Италија и Италијанските спортски лекари говореше Спадафора.
Во таа прилика рече и се надева дека мечевите од Купот на Италија можат да се играат на 13 јуни или помеѓу 13 или 20 јуни. Се работи за реванш дуелите помеѓу Јувентус и Милан (1:1), односно Наполи и Интер (1:0).
Па така, наскоро очекуваме и тројцата македонски репрезентативци Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) наскоро да се вратат на фудбалските терени.
Во Серија А има да се одиграат уште 12 кола, како четири натпревари од 25 коло, тие се: Аталанта-Сасуоло, Интер-Сампдорија, Торино-Парма и Верона-Каљари. Италијанските клубови тренираат веќе со почитување на строгите медицински протоколи.


