Пустец / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Македонците во Албанија уште пред 12 години барале од Ѓорге Иванов да се отвори конзулат во Корча

Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, соопшти македонското друштво „Илинден” од Тирана.

„Во мое и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање генерален конзулат на Македонија во Корча, историски ден за Македонците во Албанија“, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Тој потсетува дека како друштво, заедно со други македонски друштва и партијата МАЕИ, за тоа долго се залагале, но дури сега станува реалност. Инаку, ова е исполнување на барањето од претставници на Македонците во Албанија упатено уште во 2013 година на средбата во Поградец со тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов. Според одлуката на Владата, генералниот конзулат во Корча ќе биде со јурисдикција во целиот регион.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера посочи дека со отворањето на Генералниот конзулат, Македонците кои живеат во Корча, Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски.

Отвораме Генерален конзулат во Корча, објави Муцунски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот