Македонци измамени за 3,7 милиони денари со лажни сообраќајки – „мозокот“ на измамата бил во Софија

СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од с.Стење, ресенско, Г.М.(54) со престој во Скопје, едно непознато лице (третопријавен) и В.М.(51) од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела измами со лажни сообраќајки.

Нема граници за организираните групи од Бугарија и од Романија: Ало-мафијашите се јавија и во Македонија

Против прво, второ и третопријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по чл.247 од КЗ, додека четвртопријавената се сомничи дека сторила кривично дело „Помагање“ по чл.24 во врска со чл.247 од КЗ.

На 5 февруари 2026 година на ул.„Маврово“ во Битола, прво, второ и третопријавениот со лажно прикажување факти довеле во заблуда 72-годишна битолчанка, претставувајќи се дека нејзината снаа е тешко повредена и дека се потребни пари и злато за операција. Оштетената му предала златен накит на првопријавениот, кој подоцна ги предал предметите на второпријавениот. Со делото била причинета штета од околу 40.000 денари.

На 6 февруари 2026 година кај Саат кулата во Битола, на ист начин измамиле 76-годишна жена и нејзиниот сопруг, од кои одзеле околу 430.000 денари.

„Ало-банда“ оперира во Македонија, со лаги „дипли“ илјадници евра по телефон

Во периодот од ноември 2025 до 21 февруари 2026 година, второпријавениот и четвртопријавената ги пренесувале и предавале паричните средства стекнати со измами во Бугарија, односно во Софија, на третопријавениот, при што дел од средствата задржувале за себе.

Со измамите извршени во повеќе градови во државата, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.700.000 денари.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Битола на Г.М. му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека првопријавениот веќе издржува мерка притвор.

ВИДЕО | Вака изгледа снимен телефонски повик на криминалната мрежа што „цеди“ илјадници евра за лажни сообраќајки во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот