Мајли Сајрус прозборе за разделбата со нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт

Instagram

Ѕвездата која се прослави во серијата „Hannah Montana“ во продукција на „Disney“, Мајли Сајрус (28) како да порасна пред очите на јавноста. Постојано ја шокираше јавноста преминувајќи од една во друга фаза од нејзиниот живот.

Како воопшто и да немаше приватен живот, сакајќи да ја прикаже својата комплексност и ексцентричност, Мајли постојано беше присутна во медиумите со своите изјави. Иако имаше период кога се чини дека пејачката конечно „се смири“, повторно го потврди спротивното.

Instagram
Instagram

Сајрус кога објави дека се разделуваа со нејзиниот сопруг, со кого беше во долга врска, отвори многу прашања за тоа што се случило и зашто навидум совршениот пар се решиле на тој чекор.

Пејчаката во средата гостуваше во емисијата „SiriusXM“ на Хауард Стерн каде разговараше за раздебата со актерот Лиам Хемсворт за кој вели дека имале премногу конфликти и расправии.

Instagram
Instagram

Јас сум интензивна личност и не сакав да заминам знаете… Само се држев до она што ми остана од таа куќа, во која бевме јас и тој… Јас навистина го сакам и го сакав многу, многу, многу и сè уште го сакам, секогаш ќе го сакам“, изјави Мајли.

Двајцата се забавуваа скоро една деценија пред да стапат во брак во 2018 година. Тие се разведоа во 2019 година.

Кога ќе си дојдам дома, сакам да бидам закотвена од некого… Не сакам драма или кавги“, вели таа.

Instagram
Instagram

Сега, додека поголемиот дел од времето сите го помиунваме дома поради пандемијата на коронавирусот, Сајрус вели дека не излегува.

Јас сум секогаш реална… И многу луѓе ја прекинаа трезвеноста за време на карантините. Јас бев една од нив. За среќа, не се вратив на употребата на дроги, но пиев за време на пандемијата“, рече Сајрус, додавајќи дека сака да живее исполнет живот.

Нема да прифатам никого и ништо што ќе предизвика да не го достигнам својот целосен потенцијал“, вели таа.

Instagram
Instagram

По многуте раздели и помирувања со нејзиниот поранешен сопруг Лиам, таа изјави и дека не е сигурна дали би го рекле судбоносното „да“ доколку нејзиниот дом во Малибу не бил уништен во пожар во 2018.

Ние сме заедно од мојата 16-та година. Нашата куќа изгоре, останавме без ништо. Можеби сакав само некаква сигурност“, рече Мајли за која Лиам секогаш ќе има посебно место во нејзиното срце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот