Мајкл Џордан е најзаслужен што продолжува сезоната во НБА

EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

НБА лигата ќе се доигра, а еден од најзаслужните за донесувањето на ваква одлука е легендарниот кошаркар и сопственик на Шарлот хорнетс, Мајкл Џордан.

Лигата беше суспендирана по одлуката на кошаркарите да бојкотираат, по што три натревари од плеј-офот не се одиграа, а причина за ваквиот потег е ранувањето на 29-годишниот Афроамериканец Џејкоб Блејк кој беше застрелан со седум куршуми од полицијата во Висконсин.

Поради тоа се одржани неколку состаноци помеѓу кошаркарите, сопствениците на екипите и челниците на НБА лигата, а американските медиуми наведуваат дека најзаслужен што сезоната ќе продолжи и е прекинат бојкотот е Мајкл Џордан.

Токму Џордан посредувал помеѓу кошаркарите и сопствениците на екипите пред да се одржат официјалните преговори.


Мајкл го контактираше претседателот на Унијата на кошаркари Крис Пол пред состанокот на сопствениците за да сфати што сакаат играчите. Разговараше и со Расел Вестбрук по што на останатите сопственици им порача дека во овие моменти е најважно да слушаат, а не да зборуваат“, објавуваат медимите.

Токму Џордан е еден од најголемите заговорници за продолжување на сезоната.
„Тој на играчите им порача дека натпреварите се најдобрата пларформа за ипраќање на пораки“, додаваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот