Мајкл Даглас ги потврди гласините што кружеа во Холивуд скоро 40 години: Ме гризна за рака!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Мајкл Даглас (77) за првпат проговори за тоа зошто одбил да соработува со актерката Дебра Вингер. Во 100-тата епизода од подкастот на Роб Лоу, Даглас ги потврди гласините што кружеа во Холивуд скоро 40 години, од снимањето на акционата авантура „Лов на зелениот дијамант“, пренесува Њујорк Пост.

На Вингер и беше одземена главната женска улога во филмот бидејќи, додека биле на вечера заедно со режисерот Роберт Земекис, таа го гризнала Даглас за рака. На вечерата се сретнале со цел Земекис и Даглас да ја убедат за улогата.

„Заедно вечеравме и испивме неколку текили.. Излеговме и, како кога лесно ќе плескаш некого по рамо и ќе му кажеш „Ах, ти!“, таа така ме фати за рака и ме гризна“, рече тој во подкастот на Роб Лоу.

Кога се вратил во Холивуд, Даглас, како што изјави, заплакал пред колегите и им рекол дека не може да соработува со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Debra Winger (@wingerdebra)


Во интервју во 2019 година, Мајкл Даглас за „Variety“ изјави дека Вингер не глумела во „Лов на зелениот дијамант“ затоа што таа не била „тимски играч“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот