Мајката на поранешното момче на Тејлор Свифт жестоко ја прокоментира: „Среќна сум што не сум ѝ свекрва“
Тејлор Свифт повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат не поради нејзината музика, туку поради коментарот на мајката на нејзиното поранешно момче, Мети Хили. Денис Велч, британска актерка и медиумска личност, во гостување во шоуто „Watch What Happens Live!“ без двоумење изјави: „Среќна сум што не завршив како нејзина свекрва“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кога водителот Енди Коен ја праша што мисли за албумот на Свифт од 2024 година, „The Tortured Poets Department“, за кој се верува дека содржи неколку песни инспирирани од кратката врска со нејзиниот син, Велч одговори со насмевка и сарказам.
„Очигледно, под закана од смрт не смеам да зборувам за тој период, но тоа што не сум нејзина свекрва е улога што со задоволство ја изгубив“, изјави таа.
Публиката реагираше со воздишки, а Велч веднаш додаде: „Немам ништо лично против неа. Само… беше комплицирано“.

Иако врската меѓу Свифт и Хили траеше само од мај до јуни 2023 година, по раскинувањето на пејачката со актерот Џо Алвин, таа беше интензивна. Хили беше виден на повеќе концерти од нејзината тогашна концертна турнеја и неколкупати беа фотографирани заедно низ Њујорк, вклучително и во студиото „Електрик лејди“.
Велч посочи и дека не ѝ се допаѓа фактот што „не смееш ништо да кажеш, а потоа таа напише цел албум за тоа“.
И покрај се, таа истакна дека нејзиниот син сè прифатил со достоинство.
„Тој е многу среќен со својата прекрасна свршеница Габриет, која е вистинска убавица“, изјави мајката на Хили.
Станува збор за моделот Габриет Бектел, со која Хили се сврши во јуни 2024 година.
Од друга страна, пак, Свифт е во врска со Тревис Келси, играч на Канзас Сити Чифс, со кого започна романса летото 2023 година.


