Италијанска полиција/ Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Мајка скокнала од покрив, држејќи мало дете во раце: Паднала од 30 метри височина, пронајдена проштална порака

Жена на околу 40 години се фрлила од покрив на петкатница во Римини со шестгодишниот син во раце. Двајцата починале на лице место. Страшната несреќа се случила вчера околу 08:30 часот во близина на Виа деле Пианте, во општина Ромања.

Полицијата по пријавата излегла на терен и за жал констатирала дека и мајката и синот се мртви. Подоцна при претрес на станот било утврдено дека се работи за самоубиство бидејќи го пронашле прошталното писмо на мајката. Веднаш по падот на местото пристигнале голем број луѓе, но не можеле да им помогнат.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, мајката и нејзиниот малолетен син паднале од висина од 30 метри.

Според неофицијални информации, Италијанката работела како продавачка и се борела со депресија. Како и секој ден, жената тргнала да го однесе својот син кај нејзините родители кои живеат во близина. Бабата и дедото требало да го однесат детето во летен камп.

Наместо тоа, жената се качила на покривот и извршила двојно самоубиство. Го држела синот во раце.

Во чантата, оставена на терасата, пронајдена е проштална белешка во која се објаснува зошто го направила тоа, како и лекови против анксиозност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот