Фото: Принтскрин

Мајка на загинато момче во несреќата во Нови Сад штрајкува со глад, масовна поддршка од граѓаните

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, денес започна штрајк со глад пред Народното собрание во Белград. Нејзината одлука за штрајк собра десетици граѓани кои дојдоа да ја поддржат, иако нејзината првична намера беше да постави шатор на парламентарното плато спроти „Ќациленд“ и да остане таму додека владата не ги исполни нејзините три барања.

Дијана Хрка/ Фото: Принсткрин

Мојот штрајк со глад ќе трае сè додека владата не ги исполни трите услови што ќе им ги поставам. Прво, очекувам да ги сослушаат сите осомничени за падот на настрешницата и да ги притворат сите, конечно да започнат судења, но не само за 13-те што ги именуваа, бидејќи ги има уште. Второ, мора да ги ослободат сите нелегално притворени студенти, да ги ослободат од секаква вина. И трето, претседателот да распише избори“, изјави Хрка за „Нова.рс“

Сепак, полицијата го огради „Ќациленд“ и Собранието, па Дијана ќе штрајкува, како што самата рече, на улица. Односот на полицијата и властите кон мајката која го загуби своето дете предизвика револт кај граѓаните кои се помасовно се собираат на оваа локација во текот на целиот ден.

Непосредно пред Хрка да го започне штрајкот со глад, еден од тркачите од групата „Трчаме за студентите“ беше нападнат во близина на „Ќациленд“. Како што пренесува „Нова.рс“ тој носел знаме со натпис за поддршка на студентите, кога еден насилник излегол од оваа „нелегална населба“ и почнал да го дави, откако претходно му го одзел мобилниот телефон.

Полицијата ги раздели, а насилникот, наместо да биде приведен, се врати во шаторот, додека повредениот тркач заврши во амбулантното возило.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот