Магнезиумот: Неприкосновената поддршка на нервниот систем

Магнезиумот е еден од најважните минерали во човековото тело. Заедно со шест други минерали оформуваат 99% од вкупниот минерален состав на телото.
Освен тоа што тој е познат по неприкосновената поддршка на нервниот систем, беспрекорно функционирање на мускулите и превенирање грчеви, тој има повеќе скриени благодети.
- Остеопороза и губење на коскена маса
Општо земено, магнезиумот ја обезбедува јачината и цврстината на коските и ги прави забите појаки. Тој е клучен минерал кој има улога во правилното метаболизирање на калциумот, па оттаму е клучен елемент во борбата против остеопороза и губење на коскена маса.
- Главоболка
Магнезиумот е клучен минерал кој помага во ослободување од болката во главата преку опуштање на напнатите мускулни групи, како и намалување на целокупното ниво на стрес кои се најчести причинители на главоболката.
- Хронична болка и инфламација
Овој минерал промовра смирување на инфламацијата која е причина за хроничната болка во човековиот организам. Преку бројни истражувања се докажува дека магнезиумот е делува благотворно врз инфламацијата со што доведува до намален ризик од многу болести кои произлегуваат од хронична инфламација.
- Висок крвен притисок и срцеви болести
Магнезиумот делува позитивно врз кардиоваскуларниот систем бидејќи ги опушта и проширува крвните садови, спречива мускулни спазми на срцето, разградува тромбови во артериите, превенира аритмија, и делува како антиоксидант против слободните радикали кои се формираат во пределот на одредена повреда.
- Дијабетес
Овој минерал го намалува ризикот од дијебетес преку стабилизирање на нивото на шекер во крвта, кој доколку е во зголемени количини доведува до метаболни дисфунции, односно дијабетес.