Магдебург е новиот ракометен шампион на Европа

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германскиот ракометен клуб Магдебург триумфираше во финалето на Фајнал-фор турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите во Келн откако со 30:29 по продолженијата славеше над Кјелце од Полска.

Во победничките редови осумпати во листата на стрелците се запиша Смитс, а по шестпати Кристјансон и Нилсен Дамгаард.

На спротивната страна осум погодоци запиша А. Дујшебаев, а по три помалку Морито и Наи.

За Магдебург ова е четврта европска титула во клупската историја, претходните три ги освои во 1978, 1981 и 2002 година.

Кјелце кој го играше своето четврто финале (второ по ред) останува на единствената титула од 2016 година.

За најкорисен играч (МВП) беше прогласен Исланѓанецот Гисли Кристјансон, ракометарот на Магдебург.

Барселона „бронзена“ на Ф4 турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот