Маџари со победа над Феникс си обезбеди место во плеј-офот
Кошаркарите на Маџари стигнаа до важна победа во 21. коло од домашното првенство, откако го совладаа Феникс со 82-72 и на тој начин си обезбедија место во плеј-офот.
Препорачано
Иако формално беа во улога на гости, натпреварот се одигра во салата во Маџари, што очигледно им одеше во прилог во остварувањето на триумфот.
Феникс подобро го отвори мечот и првата четвртина ја доби со 23-18, но тоа беше речиси сè што понудија. Маџари постепено го презеде ритамот, а со одлична игра во втората четвртина (21-11) направи пресврт и на полувреме замина со предност од 39-34.
Во вториот дел, Маџари одигра сигурно и контролирано, не дозволувајќи му на противникот да се врати во игра и да се закани со пресврт.
Кај Феникс, Рахама беше најефикасен со 21 поен, додека кај победничкиот тим се истакнаа Хот, Димчевски и Армстронг со по 16 поени. За Маџари ова беше 11-та победа во сезоната, додека Феникс го запиша својот 13-ти пораз.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
51мин
-
1час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


