МААЕ: Договорот за контрола на нуклеарните постројки со Иран ќе биде во сила до 24 јуни

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека постигнала договор со Иран за продолжување на договорот за контрола на нуклеарните постројки во земјата за еден месец.

– Надзорот и верификациите ќе продолжат во сегашната рамка уште еден месец, до 24 јуни, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси на прес-конференција во Виена.

Тој рече дека договорот уследил по разговорите со шефот на иранската цивилна нуклеарна програма, Али Акбар Салехи.

Сепак, Гроси додаде дека предизвиците остануваат, бидејќи МААЕ сè уште не може да пристапи до материјалот кој камерите го снимиле во иранските објекти.

Со ограничување на пристапот на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија Техеран сака да изврши притисок врз европските земји и САД да ги укинат санкциите и да го оживеат меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот