Лукашенко ја обвини Литванија дека остава мртви тела на мигранти на нивната граница

Александар Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко/ Фото EPA-EFE/MAXIM GUCHEK / POOL

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска ги обвини литванските власти дека фрлаат мртви тела на мигранти на границата на двете земји, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Лукашенко, исто така, предупреди дека Белорусија цврсто ќе застане зад својот сојузник Русија доколку украинските власти започнат офанзива против бунтовниците во источна Украина, поддржани од Москва.

На средбата со највисоките претставници на белоруската армија, Лукашенко рече дека граничарите пронашле тела на двајца мигранти оставени на границата во текот на викендот.

Во вреќа за спиење ставиле тело, или веројатно жив човек и го фрлиле на границата. Каква одвратност, тврди Лукашенко.

ВИДЕО: Лукашенко отиде меѓу мигрантите – ја разбесни Полска

Литванија ги отфрли обвинувањата

Литванските граничари го отфрлија тврдењето на Лукашенко, наведувајќи дека белоруските власти постојано се обидувале да исценираат тепање, осакатување или смрт на мигранти и да ја обвинат Литванија за таквиот „нехуман третман“.

Европската унија го обвинува Лукашенко за „хибриден напад“ врз блокот од 27 земји, односно за охрабрување на мигрантите да се преселат од Белорусија во членките на ЕУ, Полска и Литванија. Брисел тврди дека тоа е одмазда на Лукашенко за санкциите што Унијата му ги воведе поради минатогодишната репресија на антивладините демонстранти.

Белоруските власти ги отфрлаат тие обвинувања и возвраќаат со тврдења дека ЕУ не обезбедила безбеден премин за мигрантите.

ВИДЕО | Хаос со мигрантите на границата со ЕУ: Белорусија „сака да предизвика инциденти со жртви“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот