Лукаку прво ја шокира јавноста, па сега му се извинува на Интер

твитер/интер

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку денеска им се извини на сите во Интер откако ја шокираше јавноста со изјавата за болните фудбалери во својот тим во јануари годинава.

Голгетерот на Интер вчера изјави дека дека во јануари 23 од вкупно 25 фудбалери на првиот тим на Интер во јануари биле болни, но не знае дали станува збор за коронавирус бидејќи никој не бил тестиран.

Имавме една недела слободно во декември за новогодинешните празници, а кога се вративме во Интер, 23 од 25 фудбалери беа болни. Не се шегувам. Игравме против Калјари и по 25 минути еден од нашите играчи мораше да биде заменет бидејќи речиси се онесвести на теренот – изјави Лукаку за белгиските медиуми.

Челниците на Интер веднаш го контактираа својот фудбалер кој им се извини за изјавата и нема да биде казнет поради неговиот испад во јавноста.
Лукаку исто така им се извинил и на своите соиграчи во Интер за кого сезонава постигна 23 гола на 35 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот