Лука Станковски ја избегнал катастрофата во Газиантеп: Добив два слободни дена и се вратив во Скопје

Фото: Станковски, Турција / Фото: EPA / luka.stankovskii/Instagram

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски настапува за Газиантеп, клуб кој е од градот кој беше помеѓу најпогодените од силниот земјотрес во Турција.

Станковски за среќа за време на земјотресот бил во Скопје, откако добил два слободни дена од клубот.

„Завчера игравме натпревар во Анталија и веднаш по натпреварот добивме два слободни денови, голем дел од екипата остана во Антанталија, а само неколку играчи се вратија во Газиантеп. Јас се вратив во Скопје и за среќа ја избегнав катастрофата“.

Сите во клубот се добро, сепак ситуацијата во градот е лоша и засега не е познато кога ќе се вратат на тренинзите.

„Во контакт сум со луѓето од клубот и сите се добри, но ситуацијата во градот е многу лоша. Моментално аеродромот е затворен и чекам информации за што понатаму, но ќе биде одложено“,  изјави Станковски.

Експерт пред три дена го предвидел земјотресот во Турција и Сирија

ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија

ВИДЕО | Во Газиантеп се урна тврдина стара над 2 илјади години како последица на земјотресот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот