Фото: fcpelister.com.mk

Лука Милојевиќ и Томче Гроздановски го засилија ФК Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер претстави уште две нови засилувања за втората полусезона од Првата македонска лига.

Среден ред на битолската екипа ќе биде посилен за Лука Милојевиќ, српски фудбалер за врска, кој доаѓа на позајмица од Раднички Крагујевац.

Се работи за 22-годишен фудбалер, кој во првиот дел на сезоната одигра 17 натпревари на позајмица во Вршац. Се работи за енергичен и поливалентен фудбалер, за кој клубот смета дека ќе биде од голема помош за остварување на целите оваа сезона. Милојевиќ веќе е во Битола и ќе им се придружи на своите нови соиграчи во тренажниот процес.

Дресот на Пелистер ќе го носи и Томче Гроздановски кој се враќа во домашниот шампионат по интернационално искуство. Тој се обврза на договор до крајот на сезоната и официјално беше претставен на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Овој 25-годишен играч во есенскиот дел сезонава настапуваше за Конкордија. Претходно во нашата земја, Гроздановски настапуваше за Силекс, Работнички, Металург и Кожуф, додека во странство беше дел од словачкиот Вион и хрватскиот Дугопоље. Од клубот очекуваат да биде од витално значење за средниот ред. Тој веќе ги мина медицинските прегледи и брзо ќе му се стави на располагање на тренерот Милан Стојановски и стручниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот