Луис Суарез ги израдува навивачите на Барса!? (ФОТО)

фото:твитер

Уругваецот кој моментно се опоравува од повредата, откри еден интересен детаљ од својот договор со каталонскиот фудбалски гигант.

Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез во интервјуто за „Радио Каталонија“ вели дека постои голема можност да остане на „Камп Ноу“ и после 2021. година кога му истекува актуелниот договор.

– Постои опција во мојот договор која гласи дека договорот ќе биде продолжен на уште една година доколку во наредната сезона одигран 60% од натпреварите – рече уругвајскиот интернационалец.

Суарез има 33 години и моментно е надвор од составот поради повреда поради која ќе биде надвор од терените до крајот на актуелната сезона.

Тоа го активираше „алармот“ во Барса која бара долготрајно решение во нападот за годината која доаѓа, а како најголем кандидат се шпекулира Лаутаро Мартинез од Интер.

Во изминатиот период пристигна Мартин Брајтвајт, како замена за Усман Дембеле, но на сите им е јасно дек Данецот е само „краткотрајно“ решение кое би можело да има пресудна улога во престојното Ел Класико во борбата за шампионската титула сезонава во шпанската „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот