Лудост или професионалност: Новинар известува за поплавите во вода до гуша (ВИДЕО)

принтскрин

Пакистанскиот репортер се прослави „преку ноќ“ откако видео снимката од неговото известување стана популарна на социјалните мрежи.

Новинарот на G-TV Азадар Хусеин се вклучил директно во вестите на телефизијата стоејќи во водата од поплавеното подрачје така што му се гледала само главата.

Тој известувал од Пунџаба, каде што се изли реката Синд, а иако од водата му се гледала само главата и раката во која го држел микрофонот, тој смирено говорел за катастрофалната поплава и последиците кои таа ќе ги предизвика.

На социјалните мрежи се појавија коментари во кои се наведува дека Хусеин „потонал, буквално, многу длабоко во своето известување“, некои пак велат дека заслужува Пулицерова награда за „импресивниот труд“. Меѓутоа, постојат и оние кои констатираат дека е „луд што себе си се довел во таква опасна ситуација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот