Луди факти за Дејвид Боуви: Бил фасциниран од нацистите, а урината ја чувал во фрижидер

Дејвид Боуви / Фото: EPA

Дејвид Боуви беше уметник со многу лица, кој ја интригираше јавноста со својата музика, но и со својот приватен живот. Уште на самиот почеток на неговата кариера, тој се истакнал со необичната боја на гласот, но и со прекрасните очи кои имаа различна боја. Неговите сценски настапи, гардеробата и шминката биле авангарда која го издвоила од останатите алтернативни рок музичари, пишува „Стил“.

Боуви го следеле бројни контроверзии во текот на целата негова кариера, па затоа беше и остана голема енигма за обожавателите, но и за останатите музичари врз кои имал големо влијание.

Во продолжение, прочитајте неколку факти за Дејвид Боуви кои можеби не сте ги знаеле за него.

Ја чувал урината во фрижидер

По расправијата со гитаристот на „Лед зепелин“, Џими Пејџ, Боуви се исплашил дека Џими, поради неговата фасцинација со окултното, би можел да повика мрачни духови, па затоа решил да ја чува урината во фрижидер за да може да ги истера лошите духови и да го сочува моралот.

Јоко Оно и сите останати

Боуви беше поетски гениј кој честопати користеше скриени пораки и лудачки метафори во своите песни, но неретко делуваше смотано во јавноста. Па така, не му било замерено кога за време на 17. издание на наградите Греми им честитал на Џон Ленон и на Јоко Оно за тоа дека ја пронашле љубовта. Таа иста вечер, Боуви се качил на сцената и ѝ се обратил на публиката со „Дами и господа… и сите останати“. Подоцна, Боуви признал дека бил многу пијан за време на настанот и дека не се сеќавал на ништо.

Страст за долга коса

Младиот Боуви бил прилично страстен кога зборувал за својата долга коса. И тоа на само 17-годишна возраст. Тоа што е интересно е дека го основал Друштвото за спречување на суровоста кон долгокосите мажи.

Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Сексуална ориентација

Боуви бил човек кој сакал да експериментира во музиката, но и во односите со луѓето во неговиот приватен живот. Го сакале и мажите и жените, а ни тој не правел разлика. Во седумдесеттите години на минатиот век, кога луѓето се залагале за сексуална слобода, Боуви го создал своето алтер его – Зиги Стардаст. За оние кои не знаат, Зиги Стардаст е андрогина, вонземска рок-ѕвезда која дошла на Земјата пред претстојната апокалиптична катастрофа за да пренесе порака на надеж. Во 1972 година, кога Боуви го создал овој измислен лик, музичарот се изјаснил како хомосексуалец. Четири години подоцна, во разговор за „Playboy“ изјавил „Вистина е! Јас сум бисексуалец. Тоа е најдобрата работа која ми се случила“.

Сакал да се тепа

Ако некогаш сте се запрашале зошто Боуви имал зеници со различна големина, тоа е поради силен удар во главата во средно училиште. Имено, 15-годишниот Боуви се степал со Џорџ Андервуд бидејќи и двајцата биле вљубени во исто девојче.

Се забавувал со мајката на Слеш

Овој интересен детаљ од приватниот живот на Дејвид Боуви го открил самиот Слеш, чија мајка работела како костимограф на Боуви. Според Слеш, Боуви почесто бил гол, отколку облечен во друштво на неговата мајка.

Фото: EPA/ATTILA KLEB HUNGARY OUT

Обожавал да слика

Кон крајот на седумдесеттите години, Боуви престојувал во Берлин каде ја надминал зависноста од наркотици. Овој период од неговиот живот е навистина важен за неговиот уметнички развој бидејќи почнал да се занимава со сликарство. Во Берлин тој се запознал со личностите од електронската сцена и соработувал со Брајан Ено. Неговиот албум „Low“, првиот од „Berlin Trilogy“, најавил нови трендови во техно музиката кои допрва доаѓале, а овие елементи се забележливи и во албумот „Heroes“.

Дружењето со Деби Хари

Во својата автобиографија, пејачката на музичката група „Блонди“, Деби Хари напишала дека се запознала со Боуви и Иги Поп кога ѝ пришле за да ѝ побараат кокаин.

Бил фасциниран од нацистите

Оваа прилично проблематична постапка може да се препише на консумирањето дрога во голема мера во седумдесеттите години, нешто што подоцна го искористил како аргумент кога се обидел да го оправда интервјуто во кое јавно го поздравил Хитлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот