ЛШ: Тимот од Фарските Острови што го елиминира Ференцварош, на времето нудеше 20 овци за Роналдо

фото: EPA-EFE/STR

Клаксвик, кој креираше сензација во квалификациите за Лигата на шампионите со елиминацијата на унгарскиот фаворит, пред неколку месеци го насмеа фудбалскиот свет кога сакаше да го купи Португалецот за чудна „валута“

Аматерскиот тим од Фарските Острови, Клаксвик, кој направи голема сензација откако го елиминира унгарскиот Ференцварош во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, пред неколку месеци исто така беше актуелен, кога сакаше да го купи Кристијано Роналдо?!

Кога Кристијано Роналдо и Манчестер јунајтед се разделуваа голем број клубови праќаа понуди да го донесат Португалецот во свои редови. И малиот Клаксвик реши да се приклучи на трката за големата ѕвезда, па објави дека нуди 20 најдобри овци за да го доведе на Фарските Острови?!

Шегата беше успешна и беше пренесена во некои медиуми. Инаку, Фарските Острови се познати по одгледувањето квалитетни овци. Сега во овој клуб коментираат, да била прифатена нивната понуда, Роналдо ќе играше во Лигата на шампионите.

Роналдо замина во Саудиска Арабија, а Клаксвик во реваншот во Унгарија сензационално го совлада Ференцварош со 0-3 и мина во второто квалификациско коло на ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот