ЛШ: Шкупи во третото коло може да налета на Лудогорец, Слован, Аполон Лимасол..!

Македонскиот шампион Шкупи го очекува можниот противник во 3. квалификациско коло во ЛШ/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Европската фудбалска куќа (УЕФА) ја скрати листата на можни противници на Шкупи во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Чаирчани претходно во второто квалификациско коло ќе ги одмерат силите против фаворитот Динамо Загреб.

Доколку македонскиот првак излезе како победник во двомечот против хрватскиот гигант, можни ривали во третото коло ќе му бидат победникот од дуелот Лудогорец – Шамрок Роверс, победникот од дуелот Ференцварош – Слован Братислава, и Аполон Лимасол.

Жрепката ќе се одржи в понеделник (18 јули).

Лига на шампиони 2022/2023
Жрепка за 3. квалификациско коло

Група 1
Носители
Динамо Загреб (Хрватска) – Шкупи (Македонија)
Макаби Хаифа (Израел) – Олимпијакос (Грција)
Карабах (Азербејџан) – Цирих (Швајцарија)

Неносители
Лудогорец (Бугарија) – Шамрок Роверс (Ирска)
Ференцварош (Унгарија) – Слован Братислава (Словачка)
Аполон Лимасол (Кипар)

Рингов: Шкупи нема никаков квалитет, подобар за неколку класи е Динамо Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот