ЛШ: Се враќаат Атман и Горпишин, Вардар без Горбок против Кјелце!
Денеска од 17.30 часот македонскиот и европски шампион ќе води важна битка во зацврстувањето на втората позиција на табелата во групата „Б“, Вардар ќе ги одмери силите против незгодниот состав од Полска, Кјелце.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во редовите на Кјелце настапуваат двајца поранешни играчи на Вардар, а како што и најави и верната навивачка група „Комити“, денешниот ден ќе биде посебен за хрватскиот плејмејкер Игор Карачиќ.
Тренерот на Вардарци, Едуард Кокшаров, како што и самиот најави составот до последен момент пред мечот ќе се крои, а во него се враќаат Атман и Горпишин.
Поради повреда ќе отсуствува Горбок (повикан е Кукуловски), а повторно ќе се има на располагање тројца голмани, покрај Гедбан и Кугис, тука ќе биде уште и младиот талентиран Кизиќ кој го привлече вниманието (и на ЕХФ) со своите клучни одбрани во триумфот над Мешков Брест.
Составот на Вардар за денешниот натпревар против Кјелце: Гедбан, Кугис, Кизиќ, Атман, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Дисингер, Горпишин, Калараш, Кристопанс, Кукуловски, Шишкарев, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.
Лига на шампиони, 7. коло
Група „Б“
Сабота: Вардар-Кјелце (17.30 часот), Мешков Брест-Веспрем (19.30 часот)
Недела: Мотор Запорожје-Монпелје (18.00 часот), Кил-Порто (19.00 часот)
Табела:
1.Кил 11 бодови
2.Вардар 8
3.Кјелце 7
4.Монпелје 7
5.Веспрем 6
6.Порто 6
7.Мешков Брест 2
8.Мотор Запорожје 1


