„Комити“: Да му се поклониме на Карачиќ за сите солзи и радости! (ФОТО)
Македонскиот и европски шампион в сабота од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во седмото коло од ЛШ ќе го пречекаат полскиот состав на Кјелце.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Моментно ракометарите на тренерот Едуард Кокшаров се на второто место во групата „Б“ со осум бодови (три помалку зад лидерот Кил), еден повеќе од третопласираниот Кјелце и Монпелје на четвртата позиција со по седум бодови.
Важна битка во битката за второто место, повторно се очекуваат полни трибини, а по повод овој дуел против Кјелце во чии редови настапува екс играчот на „црвено-црните“, кој остави длабока трага во главниот град, Хрватот Игор Карачиќ, навивачката група на Вардар, „Комити“ излезе со соопштение:

– Има многу играчи кои ќе не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме…
Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој еден не е Македонец по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој, легендата – Игор Карачиќ!!!
Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно.
Игор е наш, наш и ќе остане.
Сите во сала!!!
-„Комити“-


