Ловокрадец од Свети Николе отстрелал срна и месото го чувал во замрзнувач, доби кривична пријава

Фото: V8powerage / Wikimedia

45-годишен ловџија од Свети Николе доби кривична пријава откако полицијата во неговата куќа пронашла месо од срна која ја отстрелал пред неколку месеци, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Д.(45) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни и птици“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“, велат од полицијата.

„На 01.04.2023, по извршен претрес во куќа и помошни простории на пријавениот, пронајдени и одземени се месо од дивеч – срна, од извршен улов во месец јануари во с.Крушица, додека во неговото возило „Шаран“ пронајдени се и одземени пиротехнички средства“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот