Лошите временски услови одложија неколку натпревари во Втората фудбалска лига

воска спорт
Пет натпревари се одложени во второлигашките фудбалски конкуренции/Фото: facebook.com/FC-Voska-Sport

Поради лоши временски услови, Комисијата за натпревари праќа информација дека се одложуваат натпреварите од ВМФЛ – Исток, Кожув Гевгелија – Братство, Детонит Јуниор – Осогово.

Поради истата причина се одложуваат и мечевите од ВМФЛ – Запад, Велешта – Силекс, Гостивар – Тетекс 1955, Кораби – Охрид Лихнидос.

Фудбалската федерација на Македонија воедно информира дека истите натпревари ќе бидат одиграни во вторник, на 14 декември во 13.00 часот.

Моментно во Втората фудбалска лига – Исток на табелата по 14 кола води Слога Виница со 32 бодови, три повеќе од Победа.

А во Втората фудбалска лига – Запад лидер е Силекс со 38 бодови, пред второпласираната екипа на Воска Спорт (29).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот