Лошите временски услови одложија два натпревари од Втората фудбалска лига

фото: KF BESA Dobërdoll 1976

За денеска се закажани натпреварите од 13 коло од Втората македонска фудбалска лига, а два од нив се одложени.

Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, мечевите Беса 1976 – Тетекс и Скопје – Осогово нема да се одиграат во текот поради лоши временски услови и обилен дожд.

Овие два натпревари добија нов термин, односно истите ќе се одржат на 27 ноември (понеделник) од 13.00 часот.

Во другите денешни натпревари од 13.00 часот се среќаваат: Детонит Плачковица – Охрид Лихнидос, Кожуф – Каменица Саса, Караорман – Новаци 2005, Вардар Неготино – Беласица, Аресими – Победа, Пелистер – Башкими 1947.

Моментно во генералниот пласман води Беса 1976 со 31 бод, следува Детонит Плачковица со 26, а 24 има третопласираниот Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот