Лорис повеќе нема да брани за Франција
Францускиот чувар на мрежата Уго Лорис на 36 години стави крај на репрезентативната кариера по цели 14 години поминати во националниот дрес.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лорис со Франција го освои Светското првенство, а минатиот месец играше второ финале во Катар. На овој Мундијал тој постави и рекорд како единствен голман со 20 настапи на најголемиот репрезентативен фудбалски собир.
Исто така Лорис е и рекорд по бројот на настапите за француската селекција. Дебито на голот на „триколорите“ го имаше во 2008 година, а од 2010 година ја носи и капитенската лента, беше дел и од финалето на Европското првенство 2016 година.
Un monument de l’histoire des Bleus tire sa révérence. À 36 ans, Hugo Lloris, capitaine de l’équipe de France, annonce ce lundi à L’Équipe sa retraite internationale : https://t.co/dePVX5YoiD pic.twitter.com/hGzLVwEUQa
— L’ÉQUIPE (@lequipe) January 9, 2023


