Љубовен хороскоп за месец март: Девиците ќе доживеат будење, Рибите ќе ги залечат старите рани…

хороскоп
Рене Магрит - Љубовници (IV) 1928–1928

Сонцето во Риби, во конјукција со Јупитер и Нептун, овој месец ќе ја разбуди емпатијата и ќе го запали огнот на љубовта
кај припадниците на сите знаци на Зодијакот. Марс и Венера ќе влезат во знакот Водолија на 6 март, каде што ќе бидат во конјукција со Сатурн, што ќе предизвика разгорување на страстите, а тоа би можело да биде меч со две острици, предупредуваат астролозите.

Најдобар начин да ги зачувате вашите емотивни врски во текот на март е да бидете трпеливи, доследни и оптимисти.

Овен

Венера и Марс ќе бидат во вашата 11-та куќа во текот на март и ќе донесат експлозија на страст и нескротливи желби во вашата романтична врска. Распоредот на планетите ќе ве мотивира да размислите што навистина сакате во емотивната врска и да направите план како да ги остварите тие желби. Кога Сонцето ќе влезе во знакот Овен, ќе бидете подготвени за акција и големи, позитивни промени, особено ако сте слободни и ако веќе сте „фрлиле око“ на некого. Овните кои се во врска ги очекува исклучително убав период на емотивен план.

Бик

Март ќе биде месец на оптимизам за вас, па искористете ја енергијата што ви ја испраќаат планетите за да го постигнете она за што долго сонувавте на полето на емотивните врски. Без разлика дали станува збор за влегување во нова врска, раскинување на стара или обид да ја обновите романсата со личност со која порано сте биле заедно, ѕвездите ќе ве поддржат. Сега е време да одлучите што точно сакате во вашиот емотивен живот и да работите на тоа бескомпромисно. Не правете никакви отстапки, инаку тоа може да ве чини во иднина.

Какви се жените во брак: Лавиците се лојални, Вагите главни, а Раковите најнежни

Близнаци

Во текот на март планетите повеќе ви се наклонети кога е работата во прашање отколку љубовта, но можно е преку работата да запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието. Посебно неодоливи ќе бидете од 20 март, кога Сонцето ќе влезе во огнениот знак Овен, тогаш ќе можете да изберете кому ќе му го дадете срцето.

Рак

Во текот на март ве очекува голема внатрешна трансформација. Ќе ги промените ставовите за љубовта, партнерот, верноста… Доколку сте во подолга врска, ќе мора да внимавате, за да не ја повредите саканата личност со неочекуван пресврт. Затоа што, нема да можете ни самите да се препознаете, а само замислете како ќе изгледате во очите на личноста која ве сака и мисли дека добро ве познава. Слободните Ракови може да ги привлече личност со неконвенционален изглед и однесување. Тоа ќе биде предизвик за вас кој нема да сакате да го пропуштите.

Лав

Март ќе биде исполнет со страст, без разлика дали сте во врска или на прагот на нова љубовна приказна. Овој месец би можел да биде запаметен по судбоносната љубов која ќе ви го замати умот и ќе ве инспирира да бидете романтични како никогаш до сега. Како што одминува времето, се повеќе ќе бидете убедени дека сте ја нашле вистинската личност за себеси. Уживајте во љубовта, ја заслужувате!

Млада месечина во Риби на 2 март: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Девица

Слободните Девици ќе доживеат будење. Во текот на март конечно ќе почнете да обрнувате внимание на луѓето околу вас, а во еден од нив ќе препознаете сродна душа. Бидете отворени и дозволете да ви се случи љубов. Девиците кои се во врска ќе уживаат во низа убави моменти со својот партнер.

Вага

За вас март ќе биде месец на флертување, заведување и вљубување. Сепак, бидете внимателни, особено ако сте во долга врска или брак. Постои ризик да бидете разоткриени и вашиот партнер да ви приреди сцени кои нема да можете лесно да ги поднесете. Доколку сте слободни, март дефинитивно ќе биде месецот кој ќе го одбележи вашиот љубовен живот оваа година. Личноста со која ќе запловите во нова љубовна приказна ќе биде остварување на вашите стари соништа.

Скорпија

За време на владеењето на хороскопскиот знак Риби, вашиот љубовен живот ќе цвета, а кога Сонцето ќе влезе во огнениот Овен, ќе се препуштите на страстите. Доколку сте во долга врска или брак, ќе се посветите на саканата личност, а доколку сте слободни, на повидок е личност со која ќе сакате да делите и добро и зло. Распоредот на планетите ќе ве натера да ја освоите таа личност без премногу труд, бидејќи речиси на прв поглед ќе се „препознаете“ како „две половини од јаболко“.

Младата Месечина ни носи нов аспект од личната слобода: Будност и мир во себе и светот

Стрелец

Вие сте познати како личност која лесно комуницира со другите, а во текот на март дополнително ќе се истакнувате на тоа поле. На секој чекор ќе запознавате нови луѓе, а за многумина ќе станете „тивок копнеж“, иако нема да се трудите никого да заведете. Овој месец ќе можете да одберете со кого ќе започнете емотивна врска. Ако сте зафатени, вашата сакана може да покаже мали знаци на љубомора. Потрудете се да ѝ докажете дека нема причина да се сомнева во вас.

Јарец

Доколку во претходниот период бевте посветени на работата и ја запоставивте љубовта, март е месецот кога дефинитнивно ќе ја „повлечете линијата“ и на поинаков начин ќе им дадете приоритет на животните приоритети. Зафатените Јарци ќе посветат поголемо внимание на саканата личност и членовите на семејството, додека оние кои се слободни ќе сакаат да ги обноват контактите со личности кои ги запознале во минатото, со кои никогаш не мрднале подалеку од пријателството. Многу Јарци не размислуваат за личност која е малку постара од нив и која била емотивно недостапна за нив. Ситуацијата се менува, па искористете ја поддршката од планетите за да влезете во љубовна приказна која би можела да трае долгорочно.

Месечен хороскоп за март 2022: Месецот ќе биде љубовен ако ја следите интуицијата

Водолија

Сонцето, Јупитер и Нептун се во вашиот втор куќа, што најавува дека повеќе ќе бидете заинтересирани за стекнување материјални добра отколку за љубов. Но, личноста по која ви копнее срцето е во вашето деловно опкружување, затоа посветете малку повеќе внимание на оние со кои работите, можеби ќе сфатите дека не сте целосно рамнодушни кон ниту еден од нив. Доколку покажете интерес, овој месец можеби ќе се соочите со една голема и убава љубовна приказна. Водолиите кои се зафатени, не ги очекуваат големи промени. Ќе уживате во убави моменти со саканата личност, иако одвреме-навреме ќе помислувате на личност со која никогаш не сте биле во емотивна врска, а ви се чини дека платонски ја сакате и повеќе од себеси.

Риби

По долго време, ќе бидете подготвени да ги залечите старите рани, да оставите во минатото луѓе со кои не успеавте да се најдете „на исти бранови должини“ и да продолжите понатаму. Ќе бидете отворени за запознавање нови луѓе и ќе им дадете шанса да ви покажат колку може да биде убав животот. Зафатените Риби ќе се прашуваат дали направиле добар избор во љубовта. Отворениот разговор со партнерот ќе ви ги реши сите сомнежи, затоа не двоумете се да го направите тоа што е можно поскоро и уживајте во подароците што ви ги испраќаат ѕвездите овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот