Млада месечина во Риби на 2 март: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

месечина
Месечина, Фото: Unsplash/Uomo Libero

Младата месечина на 2-ри март се случува во водениот знак Риби, а оваа сентиментална енергија ја истакнува нашата чувствителни страна и нè става во контакт со нашите внатрешни чувства. Прекрасно време е да ги доживееме нашите соништа и фантазии. Оваа нова месечина нè инспирира да останеме отворени за промени. Дајте си шанса да станете интроспективни и да ги прифатите желбите на вашето внатрешно јас, кои постојано се развиваат.

Овен

Парите ви се дефинитивно на ум во моментов, но обидете се да не ве онерасположат. И покрај тоа што ни се неопходни за да преживееме,можете да уживате во животот без да ги испразните џебовите. Како што почнува да се приближува вашата сезона кој крајот на март, заштедете ги парите и останете во зоната на финансиска удобност. Вашата интуиција ќе ве спречи да донесувате импулсивни одлуки.

Бик

Направивте голем напредок во проширувањето на вашата мрежа. Бидете отворени да го „размрдате“ вашиот стил и да пробате нешто апсолутно ново. Направете нешто за да го привлечете вниманието кон себе и да им ја разбудите љубопитноста на оние со кои работите. Размислете за мала промена во вашата естетика која ќе ѝ помогне на вашата самодоверба.

Близнаци

Со текот на времето и благословот на трпението, ќе се случат чуда. Немојте да се фиксирате на тоа што не се случува. Пуштете го она што повеќе не е ваше, треба да го оставите за да можете да продолжите понатаму. Верувајте дека ве чекаат големи работи и уживајте во процесот.

Астро календар за Март: Јупитер и Нептун се спојуваат еднаш во животниот век, што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Рак

Земете одмор, не размислувајте претерано и верувајте дека можете да си го дозволите тоа. Се разбира, не треба да трошите над вашите можности. Некој во вашата заедница ви дава причина да патувате, било за забава или за проект. Ќе научите многу од ова патување, дури и ако тоа не оди беспрекорно како што би сакале.

Лав

Да дозволите некој да ви се доближи може да биде потешко отколку што очекувате. Запомнете дека нашите партнери и пријатели на крајот влијаат на тоа како другите нè доживуваат. Не е секогаш лесно да научите да ги пуштате луѓето во интимата, но верувајте дека умеете добро да процените нечиј карактер.

Девица

Прашајте се, дали сте отворени за чувството на мир. Не секој сака мир, дури и ако некој мисли дека го посакува. За многумина, мирот може да биде досаден. Најдете време да истражите зошто се чувствувате немирно и ќе ги цените врските што неизбежно се појавуваат на вашиот пат. Хаос е уште еден збор за збунетост. Откријте што ве збунува и ќе најдете насока.

Младата Месечина ни носи нов аспект од личната слобода: Будност и мир во себе и светот

Вага

Почнува следното поглавје од вашиот живот бидејќи оваа млада месечина означува период на нови искуства. Бидете отворени за развој на вашите интимни односи и продлабочување на врските со доверливи пријатели. Да се научите да барате помош е тешко, но со вежбање станува полесно.

Скорпија

Бидете горди поради напорната работа со која почнувате да ја развивате вашата имагинација. Не ги соборувајте вашите идеи пред да имаат време да процветаат. Трпението ќе ви помогне да ја препознаете вашата вредност. Креирајте затоа што уживате во процесот, а не затоа што барате нечие одобрение.

Стрелец

Способноста да препознаете кога не е потребен одговор е ваша моќ. Вие сте тип на личност што сака да ја каже реалноста како што е. Љубезноста е клучна, а искреноста честопати не се цени. Изберете кога да го кажете вашето мислење. Запомнете, не секој заслужува пристап до вашиот светоглед.

Голем неделен хороскоп (28-6 март): Стрелците ги очекува голем пресврт, Близнаците ќе ги реализираат своите планови…

Јарец

Поминувате тримесечен период на продлабочување на личната самопочит. Оваа млада месечина ќе биде вашето дебитирање, препознавајќи ја целата работа што сте ја постигнале. Не срамете се да се изразувате или да експериментирате со стилот. Ќе бидете изненадени од позитивните повратни информации.

Водолија

Речиси од никаде, ќе бидете благословени од универзумот. Бевте вредно посветени на нега на себе и младата месечина во Риби ви го олеснува утврдувањето на вашите вредности и финанскиската заработка. Немојте да се изненадите ако некој од семејството на крајот ве изненади со подарок.

Риби

Како роденденски подарок од универзумот, вие ќе се чувствувате како дома во вашето тело. Оваа година е наменета да застанете зад себе и да имате доверба во себе. Можеби нема да препознаете колку сте прекрасни, но најдобро е да не ловите комплименти. Одете напред со верба дека сте прекрасни.

Месечен хороскоп за март 2022: Месецот ќе биде љубовен ако ја следите интуицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот