Какви се жените во брак: Лавиците се лојални, Вагите главни, а Раковите најнежни

хороскоп
Фото: Unsplash

Какви се хороскопските знаци кога се во брак? Овој пат пишуваме за женската страна од зодијакот и како жените „пливаат“ во брачните води.

Овен

Припадничката на овој знак секогаш ќе го поддржува партнерот во неговите амбции, затоа што сака успешен маж крај себе. Полна е енергија и организирана, а дава сѐ од себе и во бракот и е одлична партнерка.

Жената овен е темпераментна и си има барања, па ако нешто не ѝ е по волја, тоа ќе го каже јaсно и гласно. Склона е кон љубоморни испади и драматичност, а нејзината непредвидливост е привлечна кај партнерот и му го задржува интересот. Единствен проблем кој може да се појави кога не е задоволена емотивно и физички. Тогаш жената Овен станува фрустрирана и инаетлива.

Бик

Припадничките на овој знак многу сериозно си ги доживуваат своите улоги, па така и оние домашните како сопруга и мајка. Нејзиниот сопруг може да биде само горд на таква партнерка.

Жените Бикови отворено ќе влезат во кавга доколку нивниот партнер не се однесува рационално, односно по нејзини правила. Таа тежнее кон финансиска сигурност, и важно е да биде ислушана кога дава совет или критика. Редовниот сексуален живот ѝ е многу важен, а доколку нема доволно физичко внимание, станува склона кон неверство. Сака тимска работа и заеднички планови со партнерот.

Близнаци

Овие жени пред брак се бунтовни, нескротливи и своеглави, а со вистинскиот партнер, се прилагодуваат и стануваат помеки во она што го прават. Сепак ја задржуваат својата автентичност и дух, и не им е доволна само улогата на сопруга, тие сакаат богат социјален живот, врски со пошироката фамилија и организирање настани во домот и надвор од него.

Потребен им е маж со многу енергија, но и на исто интелектуално ниво како што се и самите тие. Таа во својот партнер гледа љубовник и пријател, а не само однос кој подлежи на обврска. Жените Близнаци имаат многу барања, но подготвени се да вратат во иста мера.

Рак

Припадничките на овој знак се вистинско олицетворение на женскоста, полна љубов, нежност и приврзаност. Жените во знак рак се успешни во семејните врски и односи затоа што искрено сакаат бракот да им биде најсигурното место. Ако сево ова го добие, жената Рак е најдобра и најверна жена на светот. Но, доколку нејзиниот партнер ги занемарува нејзините желби и финансиската благосостојба на семејството, таа престанува да го почитува и станува одмаздољубива.

Ако не реагира ни на тоа, жената рак може да му го загорчи животот и да доминира во односот.

Лав

Лавицата секогаш има план и сака да се одвива по нејзино, а ќе се потруди никој да не биде занемарен. Бракот и е важен, и тежнее да има искрен и страствен однос, а подготвена е на се за да жртвува за тоа. Сексот не ѝ е секогаш на врвот на приоритет, доволно е да знае дека е посакувана. Жените Лавици ги почитуваат своите сопрузи, лојални се и сакаат да станат моќна двојка со својот партнер.
Ако нејзината љубов се изгуби, често е неверна и го искористува бракот само како форма која ѝ го олеснува животот, а се посветува на себеси и децата.

Девица

Припадничките на овој знак се многу аналитични и практични, но во бракот се многу емпатични сопруги и мајки. Кон партнерот се поставуваат како кон најдобар пријател и се разумни и забавни истовремено.

Важно им е да ги држат „конците“ и бараат одговорен партнер кој ќе се консолидира со нив. Ако Девиците имаат човек крај себе што им замерува, ќе станат ладни и пасивно-агресивни во комуникацијата. Од сите знаци, девицата има најголема склоност за „уцена со секс“ , дури и ако таа го сака, ќе одбие за да го „казни“ сопругот.

Вага

Вагата е привлечна и женствена, а нејзиниот сопруг неретко е слаб на нејзиниот шарм. Може да се рече дека лесно може да го манипулира, но не го прави со зла намера. Во бракот тежнее кон мир и хармонија. Таа со задоволство се грижи за домашните обврски, но станува мрзоволна доколку забележи дека нејзиниот труд не се цени.

Од сопругот очекува да ја мази и да ја опсипува со романтични подароци, а возвраќа со иста мера. Сака редовен секс, но либидото знае да ѝ биде послабо од на сопругот затоа што е постојано во динамика и обврски.

Скорпија

Припадничките на овој знак многу сериозно го доживуваат бракот – во него нема да влегуваат ако не се сигурни дека партнерот е вистинскиот за нив. Ќе направат сѐ за да го усреќат семејството, но од друга страна имаат доста барања од своите сопрузи – очекуваат безмерно обожавање. Жената Скорпија е љубоморна и посесивна, но само доколку навистина се грижи за чувствата со партнертот. Ако се посомнева дека мажот изгубил интерес од неа, ќе ѝ проработи гордоста, а тогаш е подготвена и да си замине.

Сака зрел однос полн со страст и не поднесува рутина. Пасивен партнер не им одговара на овие силни жени чии аури се најчесто поврзани со авантура, предизвик и патувања.

Стрелец

Припадничките на овој знак во љубовта се страствени и спонтани, но бараат премногу. Кога влегуваат во брак, таа енергија се смирува. Жената Стрелец е рационална животна партнерка, која нема да пукне под силен притисок или ситуации во животот, но затоа ќе побара партнер соодветен на нејзината сила и некој кој ќе биде потпора во тешки мигови.

Не очекува бајки во бракот, приземна е, и најважно за неа е да има соработка и пријателство со сопругот. Не поднесува монотонија во кревет и од таа страна сака маж кој ќе се труди сите нејзини соништа да се остварат. Децата ѝ се многу важни, па знае некогаш да го занемари сопружникот.

Јарец

Жената Јарец има традиционални ставови, а бидејќи сака за себеси сѐ најдобро, нема да се задоволи со просечен партнер. Во бракот некогаш овие жени делуваат како да се во натпревар со мажот бидејќи имаат потреба да си ги задоволат високите критериуми. Не сака непредвидливи ситуации и контролира сѐ што може да ја загрози финансиската состојба на домаќинството.

Сексот ѝе многу важен, либидото огромно, а одбивањето лошо влијае на нејзиното его. Во лутина е ладна, резервирана и пресметлива. Жените Јарци имаат потреба од многу внимание за да се чувствуваат сигурно. Во одгледувањето на децата е вистински учител за животот.

Водолија

Припадничките на овој знак се едноставни во брак и пријателски расположени, до таа мера што мажите не се навикнати на ваков тип партнер. Влегува во брак само доколку партнерот ја увидел нејзината потреба за слобода и индивидуалност, а тоа го сака за цел живот. Отворена е во емоциите и потребен ѝ е партнер кој има свои интереси, за да таа го развива својот, а најголем страв за една жена водолија е пасивен и незаинтересиран сопруг.

Како родители, жените водолии се неконвенционални, полни љубов и вистински пријателки со децата.

Риба

Рибата е идеален „материјал“ за брак – во љубовта се подготвени да направат сѐ за својот партнер, а ќе се посветат и во создавањето на топол дом и семејство. Потребен им е силен партнер кој ќе им биде поткрепа низ животот, иако можеби сите ќе мислат дека мажот води, вистината е дека Рибата е таа што го движи целосниот енергетски спој во бракот. Ценат романтични гестови, но не на типичен начин. Ако нивниот партнер ги занемари, се повлекуваат во себе и љубовта постепено им умира.

Ќе мислат дали згрешиле нешто, но ќе направат било што е во нивна моќ да ги заштитат децата, а подготвени се да излезат од лош брак за да не бидат лоша слика за лажна љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот