Фото: vfmkd.org.mk

Љафтов ќе игра во финалето на унгарската одбојкарска Екстралига

Македонските одбојкарски репрезентативци Александар Љафтов и Владо Милев се активни во завршницата на унгарската Екстралига, каде го комплетираа полуфиналето на плејофот.

Љафтов и неговиот Елоре обезбедија пласман во финалето, откако полуфиналната серија ја затворија со три победи (3:1, 3:0 и 3:1) над Престиж. Нашиот интернационалец беше константен на трите натпревари и реализираше седум, десет, односно 13 поени.

Во финалната серија, која стартува на 29 април, Елоре ќе се соочи со Капошвар, кој, пак, во полуфиналето во три натпревари ги елиминираше Владо Милев и Казинбарчика.

Милев доби поголема минутажа единствено на последниот натпревар кога реализираше шест поени. Казинбарчика ќе се бори за третото место во унгарското првенство против Престиж, а серијата „подобар во пет“ стартува на 23 април.

Според распоредот на завршницата во Унгарија, јасно е дека Љафтов, а најверојатно и Милев ќе ја пропуштат првата репрезентативна прозивка во Крушево на почетокот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот