Федерико Киеза моментно е на позајмица во Јувентус од редовите на Фиорентина/Фото: EPA-EFE/Frank Augstein

Киеза повторно го одби Гатузо и нема да игра за Италија

Интересна ситуација се случува во репрезентацијата на Италија. Играчот на Ливерпул, Федерико Кјеза, повторно го одби повикот на селекторот Џенаро Гатузо и нема да настапи на новемвриските квалификациски натпревари за Светското првенство против Молдавија и Норвешка.

Гатузо истакна дека ова не е првпат Киеза да го пропушти репрезентативното собирање.

„Ова е веќе четврти или петти пат да ја објаснувам ситуацијата. Често разговараме и имам почит кон одлуките и проблемите со кои се соочува секој од нас. Морам да го почитувам она што играчот ќе ми го каже“, изјави селекторот.

Киеза оваа сезона добива сè поголема минутажа во Ливерпул и беше прогласен за играч на месец септември од навивачите. Сепак, тој повторно реши да не се приклучи на Аѕурите, за кои последен пат настапи на ЕУРО 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот