Ливерпул без Салах и Фирмино на турнејата во САД

EPA-EFE/PETER POWELL

Во вторник во утринските часови „редси“ ќе отпатуваат за САД, а прва дестинација ќе им биде Индијана каде што в петок ќе одиграат пријателски натпревар против Борусија Дортмунд на „Нотр Дам“ стадионот.

Потоа, европскиот шампион ќе се пресели во Бостон каде што ќе имаат тест со Севиља на „Финвеј Парк“, а во Њујорк на „Јенки“ стадионот за ривал го имаат Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Поради настапите во своите национални репрезентации меѓу повиканите не се наоѓаат најголемите ѕвезди Алисон Бекер, Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Наби Кеита.

Да додадеме уште дека голманот Камил Грабара потпиша нов долгорочен договор со клубот, а наредната сезона ќе оди на позајмица во Хадерсфилд таун.

Составот на Ливерпул за турнејата во САД:

Клајн, Фабињо, Ван Дијк, Вијналдум, Ловрен, Милнер, Гомез, Хендерсон, Окслејд-Чемберлејн, Лалана, Мињоле, Брустер, Робертсон, Орижи, Матип, Кент, Луис, Филипс, Џонс, Хувер, Ојрзински, Данкан, Вудбрн, Вилсон, Ларуси, Александр-Арнолд, Ван ден Берг, Атертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот