Ливерпул беше активен и по полноќ, Клоп блокира еден трансфер

epa08842535 Takumi Minamino of Liverpool reacts after the UEFA Champions League group D soccer match between Liverpool FC and Atalanta Bergamo in Liverpool, Britain, 25 November 2020. EPA-EFE/Martin Rickett / POOL

Англискиот шампион Ливерпул беше меѓу најактивните екипи во последниот ден од зимскиот преоден рок, засилувајќи ја одбраната со Бен Дејвис и Озан Кабак, но по полноќ си замина еден играч, а на еден му беше стопиран трансферот.

Тоа што се најавуваше во последните часови од преодниот рок, се реализира во два часот по полноќ. Такуми Минамино ја финализира позајмицата во Саутемптон за кого ќе ја доигра сезоната. Саутемптон сакаше во договорот да вметне и опција за трансфер, но Ливерпул ја одби таа идеја се задоволи само со 500.000 евра за позајмица до крајот на сезоната.
Минамино кој минатиот јануари пристигна во Ливерпул, сезонава не беше во прв план, а по убедливата победа над Кристал Палас, Јапонецот беше седнат на клупата и оттогаш одигра само седум минути.

Интересно е што Саутемптон сакаше да донесе уште еден фудбалер на Ливерпул, Неко Вилијамс, но Јирген Клоп не дозволи негово заминување. Германецот доцна вечерта дозна дека остана до крајот на сезоната без Жоел Матип и поради тоа не сакаше да го испрати Вилијамс на позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот