Лиса Симпсон пред Камала Харис: Дали „Симпсонови“ ја предвидоа победата на првата жена потпретседател на САД?

Твитер
Твитер

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис заблеска во доминантно виолетово палто и бисерен ѓердан како и Лиса Симпсон во 2000 година.

Анимираната серија „Симпсонови“ очигледно уште пред 21 година ја предвиделе победата на Камала. Имено, во 2000 година се појави епизода со наслов „Барт кон иднината“ (Bart To The Future), во која Лиса стана првата жена претседател на САД по владеењето на Доналд Трамп.

Сепак, нејзиниот моден избор за вчерашната свечена инаугурацијата беше она што навистина ги натера луѓето да се прашуваат дали „Симпсонови“ сепак предвидоа сѐ?

 

Новата потпретседателка на Америка на церемонијата носеше сино-виолетов капут и бисерен ѓердан, а во 2000 година, креаторите на „Симпсонови“ ја покажаа Лиса облечена во истата модна комбинација.

Твитерџиите по оваа „случајност“ не мируваа и продолжија да објавуваа бројни споредби  на борбената Лиса од анимираната серија и новоизбраната потпретседателка Камала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот