„Линкдин“ го намалува бројот на вработени

Новиот извршен директор на „Линкдин“, Рајан Рослански, ги известил вработените за ваквата одлука, а „Микрософт“ ваквата одлука официјално ја соопшти на прес сајтот на „Линкдин“.

„Микрософт“ најави нова рунда откази за овој месец, со што бројот на вработени во јули, во рамки на оваа компанија се намалува за околу 2.000 работници. Овој пат на мета се најде „Линкдин“, компанија која е во сопственост на „Микрософт“ од 2016 година, од која без работа ќе останат 960 работници. Пред тоа, месецов веќе беа отпуштени 1.000 работници во различни сектори на „Микрософт“ во различни региони.

Новиот извршен директор на „Линкдин“, Рајан Рослански, ги известил вработените за ваквата одлука, а „Микрософт“ ваквата одлука официјално ја соопшти на прес сајтот на „Линкдин“.

Ова претставува намалување на бројот на вработени за околу 6 отсто во оваа компанија, а Рослански вината за ваквиот чекор на префрли на негативното влијание на пандемијата предизвикана од Ковид – 19 врз работењето.

„Микрософт“ во септември ќе оствари контакт со вработените кои се прогласени за технолошки вишок со цел да се договори за условите за отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот