Лили Колинс / Одри Хепберн во класикот „Појадок кај Тифани“ / Фото: EPA/Profimedia

Лили Колинс ќе ја глуми Одри Хепберн во филмот за создавањето на култниот „Појадок кај Тифани“

Актерката Лили Колинс ќе ја толкува легендарната Одри Хепберн во нов игран филм посветен на создавањето на култниот класик „Појадок кај Тифани“ (Breakfast at Tiffany’s) од 1961 година. Покрај главната улога, таа ќе се појави и како продуцентка на проектот, пренесе „Варајети“.

Филмот се темели на книгата „Петтата авенија, 5 часот наутро: Одри Хепберн, ‘Појадок кај Тифани’ и раѓањето на модерната жена“ од Сем Васон. Сценариото го пишува Алена Смит, креаторка на серијата „Дикинсон“ (Dickinson), додека режисер сè уште не е избран.

Оригиналниот филм е адаптација на новелата на Труман Капоти и ја следи социјалистката Холи Голајтли, која започнува необична врска со млад писател што се вселува во нејзината зграда. Новиот проект ќе ја прикаже и турбулентната претпродукција – Капоти сакал улогата да ѝ припадне на Мерилин Монро и бил разочаран од одлуката на студиото „Парамаунт пикчрс“ да ја избере Хепберн. Во филмот ќе бидат обработени и случувањата од снимањето, вклучително и инцидент за време на снимањето на препознатливата воведна сцена пред продавницата на „Тифани енд ко“ на Петтата авенија.

Меѓу ликовите што ќе се појават се и Капоти, костимографката Едит Хед и режисерот Блејк Едвардс, но актерската екипа за овие улоги допрва ќе биде објавена.

„По речиси десет години развој и цел живот исполнет со восхит и љубов кон Одри, конечно можам да го споделам ова“, напиша Колинс на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)


Колинс е најпозната по серијата „Емили во Париз“ (Emily in Paris), а во нејзината филмографија се и „Правилата не важат“ (Rules Don’t Apply) и „Манк“ (Mank). Филмот ќе се реализира со поддршка на продукциската куќа „Имиџ ентертејнмент“.

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот